MK | EN

Време е за чај

Ритуална церемонија за чај


Зелениот чај е одличен за почеток на денот, но и во било кое време. Особено Gunpower Temple of Heaven со својата суптилна арома, познат како бисерен чај, заради неговата топчеста форма која ја добива во процесот на сушење во ротирачки садови, што е и показател за неговиот квалитет. Ангелскиот бакнеж претставува лесна мешавина на ананас, јагода и висококвалитетен бел и зелен чај, а резултатот е фантастичен цветен бленд со уникатен изглед и неодолива арома. Чајот наречен Ориентална ноќ со рооибос, цимет и јасмин ќе ве однесат далеку во магичниот ориент! Уживајте во Божиќните празници со божиќниот чај во овој совршено избалансиран овошен чај.

Останати промоции

Резервирајте престој