MK | EN

Информации за туристи

Хотел Руссиа е лоциран во главниот град на Македонија – Скопје. Тој се наоѓа на 15км од аеродромот Александар Велики, на 2км од главната автобуска и железничка станица и на само 3км од плоштад Македонија. Покрај хотелот е реката Вардар, има патека за трчање, возење велосипед или пешачење, а во близина има и шопинг центри.

Скопје е најголемиот град во Македонија со број на жители помеѓу 600,000 - 750,000. Најпопуларни места за посета во Скопје се:

  • Споменикот Воин на коњ и фонтаната на плоштад Македонија.
  • Скопско Кале се наоѓа на највисокиот рид во Скопската котлина и нуди прекрасна панорама на градот. Археолошките истражувања на Калето говорат за праисториското минато на тврдината.  Тврдината Кале претставува масивна градба опкружена од еден гигантен ѕид изграден од големи камени блокови донесени од античкиот град Скупи, уништен во земјотресот во 518 година. Тука се наоѓа и Музејот на современа уметност. Портата од страна на старата чаршија е единствениот влез што уште стои, а таа била изградена во 1446 година. Тврдината била тешко оштетена во пожар во 1689 година, а уште повеќе за време на земјотресот во 1963 година.
  • Камен мост. Камениот мост бил изграден во VI век од византискиот император Јустинијан. Претставува една од најзначајните знаменитости на градот. Најглема реконструкција на мостот има направено султанот Мехмед II во втората половина на XV век. Тогаш се додадени камената ограда и стражарницата, која подоцна е срушена. Камениот мост ги поврзува плоштадот Македонија и Старата скопска чаршија. Додека шетате по овој мост ќе ги забележите големите камени блокови од VI век. Мостот се состои од 13 свода и е долг 214 метри.

Скопје има богата историја и има што да се посети.

Резервирајте престој